20 Април, 2024
0.0273

ПОВИСОК ПРАГ ЗА ДДВ, ЌЕ ИМА И ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ: Владата го менува законот

Објавено во: Економија 02 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Владата планира да го менува Законот за данокот на додадена вредност (ДДВ).

Предлог измените и дополнувањата се веќе прикачени на ЕНЕР.  Една од клучните измени на Законот е зголемувањето на прагот за задолжителна регистрација за ДДВ од сегашните 2 милиони денари на 3 милиони денари. Впрочем по измените кои треба да бидат усвоени на Влада а потоа и од пратениците, сите даночни обврзници, чиј вкупен промет во изминатата календарска година надминал износ од 3.000.000 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине износот или во текот на годината го надмине износот обврзани се за регистрација за данокот на додадена вредност. Новина е и тоа шѓто се воведуваат вредносни ваучери.

Законот ќе претрпи и други измени, а од Министерството за финансии за Фактор велат дека со нив се врши усогласување на законски одредби од законот со Европската директива и регулатива од областа на данокот на додадена вредност како и спроведување на програмата на Владата. 

„Како најзначајни промени кои се планирани во предлог-законот би ги издвоиле уредување на местото на прометот на услуги, воведување на терминот даночен застапник, уредување на даночниот третман на промет преку вредносни ваучери, зголемување на прагот за задолжителна регистрација, воведување на можност на доброволна регистрација во текот на секој месец во годината, уредување на местото на промет за одредени добра согласно ЕУ директивата за ДДВ како и дорегулирање на одредени дилеми и проблеми произлезени од практична примена на Законот за данокот на додадена вредност, стои во одговорот од Министерството за финансии.

Со промените се регулира вредносен ваучер, кој  претставува инструмент за кој постои обврска да се прифати како надоместок или дел од надоместок за промет на добра или услуги, доколку прометот на добра, односно прометот на услуги е познат, или потенцијалиот вршител на прометот на добра или прометот на услуги и условите за употреба на вредносниот ваучер се наведени на самиот вредносен ваучер или во поврзана документација 

Вредносниот ваучер ќе може да биде еднонаменски или повеќенаменски.

„Еднонаменски вредносен ваучер се смета за вредносен ваучер за кој место на промет на добрата, односно место на промет на услугите, на кои се однесува вредносниот ваучер, како  и износот на данок на додадена вредност кој треба да се пресмета и плати за прометот на тие добра и услуги е познат во времето на издавање на вредносниот ваучер. 

Повеќенаменскиот вредносен ваучер од ставот 2 на овој член е вредносен ваучер кој не е еднонаменски вредносен ваучер од ставот 3 на овој член, стои во Законот.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите