Повозрасен пациент со западнонилска треска задржан на Инфективна
Објавено во: Македонија 16 Август, 2019
Пациент со западнонилска треска e примен на Инфективната клиника.
Пациентот е на возраст од 66 години и е сместен во одделот за интензивна нега со воспаление на мозокот.
Од Центарот за јавно здравје соопштија дека случајот на заразениот скопјанец бил лабораториски потврден во оваа здравствена институција.