ПОВРЕДЕН КОЈ ЗАМИНА ОД БОЛНИЦА: Многу брзо се случи сe
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2019
Абдулбахри Исмаили е првиот пациент кој даде изјава, по трагичната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, во која загинаа 14 лица, објави ТВ 21.
„Бев седнат напред во третиот ред и не сакам да зборувам за случувањето, затоа што имаше многу жртви. Многу брзо се случи сè, ме извадија откако веќе автобусот беше долу ми, се јавија по телефон, како си, се случило несреќа? А мене ми беше чудно како толку брзо дознале. Жителите ми го спасија животот, тие ми помогнаа“, истакна Исмаили за ТВ 21.
Тој имал повреди на главата и телото.
Другите повредени закрепнуваат во болница.фото ТВ 21