Повторно голема бројка на заразени од корона, помалку оздравени

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2020 13:48
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти од кои во Скопје се 6, Куманово два и по еден во Прилеп, Тетово, Македонски Брод, Пехчево и Виница.
Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1. Досега во земјата се направени вкупно 18821 тестирања на КОВИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1622, бројката на оздравени пациенти е 1112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.
Можеби ќе ве интересира
ЦИПРАС ПРИЗНАВА – „АКО НЕ ПОБРЗАВМЕ ЌЕ БЕВМЕ ПОД ПРИТИСОК ДА ГО ПРИФАТИМЕ УСТАВНОТО ИМЕ“: По седум години од Преспанскиот договор
МИЦКОСКИ СООПШТИ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА БРЗАТА ПРУГА: „Ќе значи многу во историска и транспортна смисла“

„ПРИСТИГНУВААТ РАЗНИ ПОРАКИ ОД СОФИЈА, СТАРИТЕ РЕКЛЕ ПОМАЛКУ СЛУШАЈ, ПОВЕЌЕ ГЛЕДАЈ ШТО РАБОТАТ“: Мицкоски вели Бугарија може да ги повлече амандманите во ЕП

Петар Ристески Пеката: Потпишав пристапница, но не станав член на СДСМ

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА ЧЕЛО“: „Нека гукнат!“, вели Ванковска

Бидете крајно внимателни, доаѓаат невреме, громови и појава на град!

„ЕДЕН ОД ПОГОЛЕМИТЕ ПОГРОМИ НА ОВАА НАПАТЕНА ДРЖАВА И НАРОД!“ Дуковски за седумгодишнината од Преспанскиот договор

НИКОЛОСКИ ВЕЛИ ДЕКА МИЈАЛКОВ Е ИСКЛУЧЕН ОД ПАРТИЈАТА, ИМ ДАДЕ СОВЕТ НА СДСМ ИСТОТО ДА ГО НАПРАВАТ СО ТИЕ ШТО СЕ СЛИКААТ ВО ДУБАИ СО ЗЛАТНИ ВИЗИ: Еве што тој открива тој
