16 Јули, 2019
0.0191

Повторно гори во Грција

Објавено во: Балкан 10 Јули, 2019

Шумски пожари беснеат во централна Грција.

На две локации во близина на градот Ламија избија два пожари, од кои едниот е веќе ставен под контрола, а жителите на едно село превентивно беа евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот на 12 километри северно од Ламија, во близина на селото Диври, чии што жители беа пренесени на безбедна локација, изби пред 15 часот по локално време во шумски дел и брзо се прошири. 

Во гаснењето на пожарот учествуваат 42 пожарникари со 21 возило и 18 лица од пешадискиот тим, 5 авиони и 4 хеликоптери, а со 11 цистерни помагаат од општината и грчката полиција.

По првиот, брзо изби и втор пожар на шест километри северно од Ламија, кој пред 19 часот е ставен под контрола.

Од почетокот на летната сезона имаше повеќе пожари во Грција. 

Можеби ќе ве интересира

Над 3.500 молњи во Грција - се очекува нова бура

Над 3.500 молњи во Грција - се очекува нова бура

Какви договори ќе потпишат Макрон и Вучиќ?

Какви договори ќе потпишат Макрон и Вучиќ?

Вучиќ: Со цело срце ја прифаќам идејата на Заев кажана пред руските комичари

Вучиќ: Со цело срце ја прифаќам идејата на Заев кажана пред руските комичари

Може ли Макрон „да го притисне“ дијалогот меѓу Белград и Приштина?

Може ли Макрон „да го притисне“ дијалогот меѓу Белград и Приштина?

Ципрас: На СИРИЗА и е потребна транформација

Ципрас: На СИРИЗА и е потребна транформација

Макрон доаѓа во посета на Белград, а Вучиќ за него има неколку подароци

Макрон доаѓа во посета на Белград, а Вучиќ за него има неколку подароци

Арапите инвестираат во уште една балканска земја

Арапите инвестираат во уште една балканска земја

(ВИДЕО) Бугарија очекува бури, а еве како изгледа снегот кој падна на Мусала

(ВИДЕО) Бугарија очекува бури, а еве како изгледа снегот кој падна на Мусала

Поплави во западна Грција, луѓето се евакуираат

Поплави во западна Грција, луѓето се евакуираат