29 Март, 2024
0.0266

ПОВТОРНО МЛАД ВОЗАЧ УЧЕСНИК ВО СООБРАЌАЈКА СО ЖРТВА - Обвинителството ги чека анализите од крвта и снимките од камерите

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа која се случи околу полноќ во Ново Лисиче, на сервисна улица во близина на трговскиот центар „Лиса“, соопшти Јавното обвинителство.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на два автомобили – „Рено“ управувано од 21-годишен скопјанец и „Фолксваген поло“ со кое управувал 48-годишен жител на Стајковци.

„Во несреќата, возачот на автомобилот Фолксваген се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на лице место. Со тешки телесни повреди се здобила и неговата 15-годишна ќерка, сопатничка во автомобилот. Возачот на автомобилот Рено се здобил со телесни повреди и откако му била укажана лекарска помош, тој е задржан во полициска станица.

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и за вештачење на примероци од крв и урина од возачот на другиот автомобил со цел да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства. Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видео надзорот на местото на несреќата преку системот „Безбеден град“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Фото: Порта 3

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење