ПОВТОРНО СЕ НАМАЛУВААТ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА, од утре полесно ќе се полнат резервоарите
Објавено во: Економија 24 Ноември, 2022
Регулаторната комисија за енергетика повторно донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,50 отсто во однос на претходната одлука.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,789 отсто, кај дизелот за 4,373 проценти, кај екстра лесното за 4,239 отсто и кај мазутот намалувањето е за 4,249 проценти.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,252 отсто.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,263 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,783 денари за килограм.
Малопродажните цени на бензините Еуроспуер БС-95 и Еуроспуер БС-98 не се менуваат.
Од 25.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуроспуер БС - 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуроспуер БС - 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,783 (денари/килограм)
Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.11.2022 година.