ПОВТОРНО ТОПЛИ РАДИЈАТОРИ: Се враќа непречената испорака на топлинска енергија
Објавено во: Економија 30 Октомври, 2020
БЕГ ги известува своите потрошувачи дека, како резултат на нормализираната испорака на природен гас во државата, од денес 30.10.2020 година состојбата со испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење се реализира непречено согласно мрежните правила за испорака на топлинска енергија.
Во изминатите три дена топланите работеа со редуцирана испорака на топлинска енергија, поради ограничување на количините на природен гас на топланите за 10 отсто.
„Оваа редукција не предизвика значително намалување на нивото комфорот на потрошувачите и на внатрешната температура во објектите, односно средната дневна внатрешна температура во објектите не опадна за повеќе од 1 степен целзиусив, од пропишаната (20+1) степен целзиусов“, информираат од компанијата.
Причина за ограничување на транспортот на природен гас во изминатите три дена беше изведување ремонтни активности на транзитниот гасовод од Бугарија кон земјава, што ги реализираше бугарскиот оператор на системот за пренос на природен гас „Булгартрнасгаз ЕАД“.