25 Април, 2024
0.1368

ПОВТОРНО ЗГАСНА МЛАД ЖИВОТ ОД КОРОНАТА - 39 годишен скопјанец е нова жртва на подлата болест

Објавено во: Македонија 06 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Вчера повторна згасна млад живот како последица на короната. 

Почина пациент од Скопје на возраст од само 39 години.

Засега нема информации дали имал претходни коморбидитети. 

Покрај овој човек, вчера уште десет наши сограѓани ја изгубија битката со ковид 19.

Инаку, директорката на Инфективната клиника, д-р. Милена Стевановиќ, вчера за тв Телма изјави дека на клиниката имаат и млади и стари пациенти, со различен тип на хронични болести, и со различна претходна здравствена состојба пред да бидат инфицирани. 

„И тие многу азлично знаат да реагираат на инфекцијата со ковид 19. Оттука зависи и како понатаму таа ќе се развива, и се разбира, со каков исход ќе биде. За клиничко следење на болните и за лекување не ни е од големо значење која варијација на вирусот е во прашање, се додека тоа не се однесува на сериозни промени во клиничката слика“, изјавила за Телма ТВ д-р. Милена Стевановиќ. 

Вчера министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи на ковид-19.

Пријавени беа вкупно 11 починати лица. Починати се по 5 пациенти од Скопје (77г,73г,63г,63г,39г), по 2 пациенти од Кавадарци (77г,71г) и Неготино (77г,63г) и по 1 пациент од Куманово (75г), и Кочани (72г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг