Пожар изби во Ксамил каде летуваат многу Македонци
Објавено во: Балкан 30 Јули, 2021
Во близина на албанското летувалиште Ксамил изби пожар. Зафатени се трева и нискостеблеста шума.
Освен мирис на чад и забележлива раздвиженост на пожарникарски возила, нема издадено предупредување од албанските власти за евентуална опасност од пожарот, велат за МИА македонски граѓани кои летуваат во Ксамил.
На терен се пожаникари кои заедно со мештаните го локализираат пожарот. Засега нема опасност пожарот да ги зафати станбените објекти во крајбрежјето на Ксамил, каде што во моментов летуваат и голем број туристи од Македонија.