Пожар на плажа ги натера туристите да бегаат во вода
Објавено во: Свет 11 Јули, 2019
Во одморалиштето Плаја ди Катанија, на Сицилија, денеска изби голем пожар, поради што туристите кои се наоѓаа на плажа мораа да влезат во морето.
Пожарникарите ги спасуваа луѓето од морето со чамци и хеликоптери. Меѓу нив имаше и 40-ина деца. Неколку лица се задржани во локалната болница поради вдишување чад.
Противпожарната служба ги предупреди луѓето да бидат покрај брегот и да не се задржуваат на улиците за да можат пожарникарите да поминуваат.
Една од плажите е целосно уништена, а другите се загрозени.
фото ЕПА