Пожар во Полска „проголта“ десетици куќи и уништи 30 згради
Објавено во: Свет 20 Јуни, 2021
Во пожар во Полска се повредени девет лица и уништени десетици куќи.
Во село во јужна Полска делумно или целосно се уништени повеќе од 30 згради. Пожарот се случи во селото Нова Бјала, на околу 70 километри јужно од Краков. Повредените се пренесени во болница со изгореници, пренесува Хина. Околу 400 пожарникари со часови се бореа со огнот.
Според извештаите во медиумите, пожарот најверојатно избил откако се запалило сено. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки најави помош за повредените и оние кои ги загубија своите домови.