19 Април, 2024
0.0303

ПОЖАРИ: Гори во Гостивар, во Дебар изгоре штала и добиток , во Кратово повредена жена

Објавено во: Македонија 22 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Повеќе пожари има во Македонија, при што денеска гори во Богданци, но и во Гостивар. 

Попладнево гори пред влезот во Гостивар.

Пожарот засега нема да загрози некое населено место, но со голема брзина се шири кон планината.

Во пожар кој избувнал синоќа во штала во Дебар, изгореле повеќе грла добиток, а изгорена е и поголема количина сено.

Џетан Мифтароски, командир на Територијалната протвпожарна единица вели дека дојавата за пожарот ја добиле во 22:40 часот, по што веднаш се упатиле кон шталата, која е сместена во кругот на поранешниот армиски гарнизон.

Жена се здобила со тешки изгореници откако се запалила нејзината помошната просторија од викендица во Кратово.

Во 14.20 часот во Полициската станица Кратово, 66-годишната Л.П. од Кратово пријавила дека истиот ден околу 14.00 часот на место викано „Лискавица“ во помошната просторија од викендица, на 59-годишната Л.К. настанал пожар, кој потоа се проширил на отворен простор. Л.К. се здобила со изгореници на двете раце и на лицето, по што во Здравствениот дом Кратово добила лекарска помош.

Територијалната противпожарна единица Кратово го локализирала огнот. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кратово.

фото Пресинг.тв

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите