Познато што го предизвика пожарот во зградата во Кисела Вода
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2019
Пожарот во станот во кој вчера попладне избувна пожар и остави четворица заробени станари на зградата да чекаат евакуација бил поради спој во електричната инсталација, гласат првичните сознанија од противпожарните служби кои ревносно ја вршеа својата задача.
Штета кај станбениот објект кај „Расадник“ опфаќа три стана и биле гасени повеќе од два часа со 11 возила.
Извори од противпожарните служби информираа дека во акцијата се повредени тројца полицајци, а од зградата успешно биле евакуирани седум лица.