Пожарот близу Атина „проголта“ куќи, гаражи и шума
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2021
Пожарот близу грчката престолнина Атина „проголта“ куќи, гаражи и шума.
Едно од предградијата на Атина беше евакуирано. Нема податоци за жртви. Повеќе од 300 пожарникари го гаснеле огнот. Со хеликоптери и авиони пожарот е локализиран. Се уште не се знаат причините за избувнување на пламенот, но истрагата е во тек. Грција е погодена од топлотен бран и има предупредувања за пожари.
На терен биле испратени 68 пожарникари и 22 противпожарни возила кои беа распоредени за да го спречат огнот, чиј чад стигна до Атина.
Деновиве во Грција температурите ќе се искачат до 44 степени, со што се стравува од нови пожари. Грција секое лето се бори со пожари.