20 Јануари, 2020
0.0168

Пожарот во Грција делумно ставен под контрола

Објавено во: Балкан 22 Јуни, 2019

Речиси четири часа откако беше известена, противпожарната служба на Грција успеа делумно да го стави под контрола пожарот што избувна претпладнево во областа Лагониси во регионот Атика, на околу 40 километри од центарот на Атина.

Од грчката Противпожарна служба соопштуваат дека во гаснењето учествуваат 30 пожарникари со 11 возила, шест возила од специјалниот сектор за операции со 20 службеници и 16 лица од пешадиската единица, два авиони и два хеликоптери, додека пак надлежната Општина помага со четири цистерни со вода, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот избувнал од сува трева во близина на населено место, не без да бидат во опасност домовите што се наоѓаат во близина.

Навремената и ефективна интервенција на противпожарните сили ја ограничи опасноста од проширување на пожарите и ја спречи веројатноста да биде нанесена материјална штета на домовите, соопштуваат од Противпожарната служба на Грција.

За причините за пожарот започната е истрага.



Photos: Facebook, Kostas Tsetselis


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СЦЕНИ КАКО ОД АМЕРИКАНСКИ ФИЛМ: Сведоци за ликвидацијата на црногорскиот клан во Атина

(ВИДЕО) СЦЕНИ КАКО ОД АМЕРИКАНСКИ ФИЛМ: Сведоци за ликвидацијата на црногорскиот клан во Атина

Две жени во Србија го фатија крстот за Водици

Две жени во Србија го фатија крстот за Водици

Повторно силен земјотрес во Грција

Повторно силен земјотрес во Грција

(ФОТО) ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Вучиќ подготвува сарми

(ФОТО) ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Вучиќ подготвува сарми

Измамници со лажни венчаници доаѓале до недвижности од починати луѓе

Измамници со лажни венчаници доаѓале до недвижности од починати луѓе

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Грипот „коси“ во соседството, во Грција починале седум лица

Грипот „коси“ во соседството, во Грција починале седум лица

ГРЧКИТЕ ПАРТИИ СЛОЖНИ: Веројатно ќе ја имаат првата дама претседателка на државата

ГРЧКИТЕ ПАРТИИ СЛОЖНИ: Веројатно ќе ја имаат првата дама претседателка на државата

НЕМА ЛЕБ ВО ОВАА ЗЕМЈА: Секоја година се иселуваат по 55.000 луѓе

НЕМА ЛЕБ ВО ОВАА ЗЕМЈА: Секоја година се иселуваат по 55.000 луѓе