Познат бројот на вработени во секоја фабрика во слободните индустриски зони
Објавено во: Економија 23 Јули, 2018
Адиент Ситинг (Џонсон Контролс), Гентерм и Ки Сејфти Системс се на првите три позиции по бројот на најмногу вработени досега од компаниите во слободните економски зони, според податоците до кои дојде „Капитал“ од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони поединечно за секој од инвеститорите.
Од договорите за државна помош може да се види дека овие компании добивале грантови за покривање на трошоците за придонесите од задолжително социјално осигурување по основа на платите на вработените, ослободување од плаќање на персонален данок на доход за вработените во период од 10 години. Помош има и во кеш грантови за изградба на фабриките, помош за обуки за работниците или пак, субвенции за секое отворено работно место, каско и даночни и царински ослободувања.