Познат датумот и местото на историската средба
Објавено во: Свет 11 Мај, 2018
Официјално е потврдено дека во Сингапур на 12 јуни ќе се сретнат претседателот на САД, Домналд Трамп, и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.
„И двајцата ќе се обидеме таа средба да ја направиме специјален момент за мирот во светот“, напиша Трамп на Твитер.
Односите на САД и Северна Кореја не така одамна беа на раб на војна, па дури, по најавите на Ким Џонг Ун дека ќе напаѓа Гуам, каде има бројни американски воени сили, Трамп возврати дека ако тоа се случи Северна Кореја ќе биде соочена со „огнениот гнев“ на САД.
Северна Кореја најпрвин се откажа од тестирањето разно оружје, вклучувајќи го нуклеарното, а САД веднаш потоа го спуштија гардот.
Неодамна беше одржана историска средба на лидерите на двете Кореи – Северна и Јужна – на која беше договорен официјален крај на војната, а претседателите на двете земји се држеа за раце, симболично покажувајќи дека односите ќе одат во многу подобра насока.