Познат е составот на новиот бугарски парламент, Борисов се откажа од пратеничкото место
Објавено во: Балкан 11 Април, 2021
Централната изборна комисија на Бугарија на последната прес-конференција посочи кои 240 пратеници ќе заземат место во 45-от парламент, по парламентарните избори одржани пред една недела.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, вкупно 14 кандидати се откажале од мандат во новиот бугарски парламент – девет од движењето Права за слобода, тројца од ГЕРБ, вклучувајќи го и премиерот и лидер на партијата Бојко Борисов, како и двајца од „Има таков народ“.
Во меѓувреме, неизвесноста кој ќе ја предовид новата влада се уште трае. Најголеми шанси му се даваат на Трифонов, кому и Борисов му понуди 10 пратеници за да формира ново владино мнозинство.