24 Април, 2024
0.1209

ПОЗНАТ ИЗНОСОТ НА ЕВРООБВРЗНИЦАТА ШТО ЌЕ ЈА ИЗДАДЕ МАКЕДОНИЈА, РЕКОРДЕН ДОСЕГА - земјава бара 800 милиони евра, колку ќе дадат инвеститорите

Објавено во: Финансии 08 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Познат е износот на еврообврзницата која сака да ја издаде земјава на меѓународниот пазар, а за која завчера се претстави пред инвеститорите. Според информациите на Фактор, Владата во Службен весник објавила дека ќе се задолжи преку еврообврзница на сума не повисока од 800 милиони евра, но тоа во принцип значи дека ќе го земе тој износ, со оглед што никогаш досега не се случило да се побара помалку од она што е објавено во Службен весник. Освен во случај да не се успее да се соберат потребните пари, односно инвеститорите да не понудат доволна сума како таа што ја бара Владата. 

Одлуката за максималниот износ на новото задолжување преку еврообврзница Владата ја донела на седница на шести февруари, всушност истиот ден кога е направено претставувањето пред инвеститорите.

„Со оваа одлука се утврдува максималниот износ на ново задолжување преку издавање државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал - еврообврзници на Република Северна Македонија, кои Министерството за финансии ќе ги емитува во 2023 година. Министерството за финансии ќе издаде сертификати за глобална обврзница кои ќе го претставуваат вкупниот износ на емисијата на еврообврзниците“, се вели во објавата во Службен весник.

Инаку, треба да се напомене дека последната еврообврзница Владата ја има издадено во март 2021 година, на сума од 700 милиони евра, а со овие пари, меѓу другото, се врати стар долг од 500 милиони евра.

За минатата година Владата исто така планираше да издаде еврообврзница, па дури и се спомена сума од 900 милиони евра, но потоа потребите од пари за буџетот се премостија со други задопжувања, а како причина за тоа се наведе фактот дека не биле поволни состојбите на меѓуинародниот пазар.

Затоа лани од ММФ ни беа одобрени 530 милиони евра, преку Инструментот за претпазливост и ликвидност, од кои 110 милиони на земјава и беа префрлени веднаш, потоа, беа земени 250 милиони евра преку германска обврзница со цел исто така да се отплатат стари долгови, а власта се задолжи и со краткорочен кредит од Шпаркасе банка на сума од 50 милиони евра.

Владата во службен весник објавила дека новата обврзница на максимален износ од 800 милиони евра ќе биде издадена за буџетска поддршка во 2023 година, како и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг на земјава.

Рокот на доспевање на еврообврзниците ќе биде до 10 години, во зависност од пазарните услови и од интересите и побарувањата на инвеститорите, навеле од Владата.

„Вкупната номинална вредност на еврообврзниците изнесува до 800.000.000 евра“, се вели во објавата.

Натаму, се додава дека Министерството за финансии ќе плаќа камата на еврообврзниците еднаш годишно, како и дека ќе плаќа главница и камата во евра, без притоа да пресметува и наплатува какви било даноци, провизии или давачки од сопствениците на еврообврзниците.

Не се наведува колкава камата ќе треба да плаќа земјава за еврообврзниците што ќе ги издаде.

Минималниот износ на номиналната вредност на една еврообврзница изнесува 100.000 евра или кој било повисок износ што е делив со 1.000 евра.

„Регистарот на сопственици на еврообврзниците се води во согласност со Договорот за фискален и платежен агент, склучен меѓу Министерството за финансии и Ситибанк, Н.А., филијала во Лондон. МФ ги плаќа главницата и каматата на еврообврзниците преку својот фискален и платежен агент, Ситибанк. Распределбата на главницата и каматата по основ на еврообврзниците се врши преку системите за порамнување: Јуроклиар банк СА/НВ, Клиарстрим, Луксембург, или Депозитари Траст Компани“, нагласиле од Владата во Службен весник.

Еврообврзниците ќе котираат, и со нив ќе се тргува на Лондонската берза за хартии од вредност.

„Министерство за финансии може, во име на РСМ, да ги откупи еврообврзниците на отворениот пазар или на друг начин по која било цена. Сите еврообврзници така откупени може да се поништат или да се чуваат или повторно да се продадат. Сите еврообврзници што ќе бидат така поништени не може повторно да се издадат. Министерство за финансии, во име на РСМ, има дискреционо право да ги откупи сите еврообврзници по номинална вредност во текот на период од три месеци пред утврдениот краен датум на доспевање на еврообврзниците, во согласност со условите за еврообврзниците“, се нагласува во објавата.

Во случај на неисполнување на обврските што произлегуваат од еврообврзниците, еврообврзниците може предвремено да достасаат и да бидат платливи.

За оваа одлука за еврообврзницата се навбедува дека ќе влезе во сила на денот на објавувањето, а тоа е 6 февруари, а на неа е потпишан првиот заменик на претседателот на Владата, Артан Груби.

Инаку, земјава завчера се претстави пред инвеститорите за нова еврообврзница. Во повикот било наведено дека Македонија има ББ- (стабилен) рејтинг од Стандард и Пурс и ББ+ (со негативен изглед) од Фич.

Претходно, во март 2021 беше земена еврообврзница од 700 милиони евра, со рок од седум години и камата од 1,625 проценти.

И во 2020 година беше издадена еврообврзница од 700 милиони евра, иако се бараа 800 милиони, со каматна стапка од 3,675 отсто.

Овие две суми беа највисоки, што значи дека ако сега се издаде еврообврзница од 800 милиони евра, тоа ќе биде рекорден износ досега на издадена еврообврзница од македонската држава.

Засега, а тоа го нема ни во објавата во Службен весник, не се знае колку ќе изнесува каматната стапка, но не се очекуваат ниски износи, со оглед на постојаните зголемувања на каматните стапки од ФЕД и од Европската централна банка.

Во јануари година Србија издаде еврообврзница на сума од 1,75 милијарди долари, со камати од 6,25 и 6,5 проценти. Министерот за финансии на таа држава, Синиша Мали, тогаш се пофали со огромен интерес за српските еврообврзници, а главни купувачи биле, како што рече, американски фондови. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА