Позната бројката за 2018 на Македонци кои не се вратиле од Германија
Објавено во: Економија 16 Јули, 2019
Вкупно 7.812 Македонци останале да живеат и работат во Германија, односно не се вратиле во Македонија, покажува германското биро за статистика.
Минатата година вкупно 18.478 македонски државјани си ја побарале среќата во Германија, а меѓу нив 10.666 се вратиле во татковината. Во однос на претходната, 2017 година,
Нето бројот на оние кои останале да работат и живеат во Германија е зголемен за 30 проценти, додека во 2017 година таа бројка била 6.000 луѓе.
Инаку бројката на македонските државјани кои се пријавиле на германска територија во двете години е релативно ист - 18.478 во 2018, наспроти 18.235 во 2017.