Позната сумата за организација на Дигиталниот самит на Западен Балкан
Објавено во: Економија 17 Мај, 2018
Безмалку четврт милион евра платило Министерството за информатичко опшество и администрација во договор со Агенцијата за маркетинг комуникации „Панекс“ ДООЕЛ Скопје за техничка поддршка за реализација на Дигиталниот самит на Западен Балкан 2018 што во април се одржа во Скопје.
Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ изнесува 15.015.066 денари или околу
244.000 евра.
Во образложението на набавката се вели дека има користење на постапка со
преговарање без објавување на оглас од причини од крајна итност.
Критериум за доделување на договорот била најниска цена.