Познати 10-те најуспешни дистрибутери во Македонија во корона-кризата, голем пад во добивките
Објавено во: Економија 17 Јуни, 2021
Еуро Табак и Даути Комерц се најголемите снабдувачи на храна, пијалоци и тутунски производи за бројните магацини и продавници низ Македонија во справувањето со тешпката кризна година во 2020.
Дека кризната година го погодила овој сектор покажуваат и самите резултати. Еуро Табак имал најголем приход, но пад од 10 отсто.
Генерално, кај повеќето од најуспешните компании, според она што може да се види на табелата, има голем пад кај самата добивка.
Вкупниот приход кај најголемите десет компании изнесува околу 340 милиони евра. Од нив осум компании успеале да завршат со добивка, а две работеле со загуба.