25 Април, 2024
0.0284

Познати Кумот и здравичарот за Бадник 2019

Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

В недела (23.12.2018) напладне во месноста Краста Одборот за прослава на Бадник во Скопје на своите сограѓани ќе им ги претстави Кумот и Здравичарот за Бадник 2019 соопштувајќи на тој начин дека се е подготвено за централната прослава на 6-ти јануари на платото пред Соборниот Храм.

Месноста Краста се наоѓа на јужните падини на Водно на патот кон хидрцентралата „Козјак“.Тука скопските Бадникари ги собираат бадниковите гранчиња што на 6 Јануари со години им ги делат на скопјани, на свеченоста на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски во пресрет на Божик-најсветлиот христијански празник.

До таму од Скопје оддалечено 15-тина км.се доаѓа од два правца-преку Долно Соње и црквичката „Свети Трипун“ се до патот за езерото Козјак и крстосницата за „Матка“2,односно ХЕЦ Света Петка.

Вториот правец води од патот за Драчево и некаде пред мостот на Маркова Река се врти десно кон Батинци,Марков Манастир,каменоломот на цементарница „Усје“ и нагоре кон езерото Козјак се доаѓа до месноста наречена Краста,каде што Бадникарите ги сечат организирано светите традиционални бадникови гранчиња што бесплатно им ги делат на своите сограѓани.

Кум и Здравичар на Бадник 2019

Првите и најзначајни личности на традиционалната 27 манифестација во пресрет на Божик, што скопјани со симпатии ја прифатија и здушно ја поддржуваат се избрани.

Кум е Љупче Николовски,а здравичар Миливое Алексиевски, познати личности и вљубеници во својот град.Првиот е бизнисмен,сопственик на фирмата „Белина“, која во 2019 година прославува 25 години постоење и успешна работа и посветен Вински витез,а вториот е резбар, потомок од познатата мијачка тајфа Мирчевци и тренер и инструктор по пливање.Им припаѓаат на различни генерации. Миле Сирма е држечки 85 годишник , кој се уште работи со длето и чекан,а два-три пати неделно е со скопјанчиња, кои ги учи на пливачката вештина.Љупче е млад пензионер,роден е во 1953 година,полека фирмата им ја препушта на синовите,но љубовта спрема македонското вино не го остава намира, ги знае сите тајни на винарството и се радува на успесите на винарите и на се поприсутните винарии, кои ја шират возбудливата приказна за нашето виногорје,за климата и македонските јадења тој е промотор на нашите напитоци од се поголемите винови насади.

Тоа е заедничка нишка што ги поврзува во една приказна што ќе им ја раскажеме на сограѓаните за Бадник и обајцата се врвот на две исконски македонски дисциплини(со јазикот на спортот) длаборезот и винарството.Од памтивек Македонија е позната по резбарењето во ореовина и по сортните вина на кои им се насладуваат многубројните туристи на се почестите патувања по винските патеки.Предани се кон семејствата и секој слободен момент го користат заедно со своите. Oбајцата имаат по два сина. Николовци се  во фирмата на татка си,а еден од синовите стариот резбар продолжува по патеката на татка си и дедото Нестор.

Ги сакаат и неизмерно ги почитуваат македонските традиции,а исто така и верата.Скопје за нив е иконата што не ја менуваат за ништо на светот и затоа скоро беспоговорно ја прифатија поканата за активно учество и сопствен придонес на традициите. Добредојдени се во семејството на Бадникарите!


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет