25 Април, 2024
0.0292

Познато чие е телото: Вучиќ тврди дека бандата на Беливук на мајката испратила фотографии од искасапениот син

Објавено во: Балкан 04 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Криминалната група на Вељко Беливук, попознат како Веља Неволја била немилосрдна кон своите жртви, но и кон нивните семејства. Фотографии од Црногорецот Р.М. кога наводно бил искасапен од соработниците на Веља со месеци биле испраќани кај неговата мајка за да на монтструозен начин и соопштат дека нејзиниот син повеќе не е жив.

Српскиот претседател Александар Вучиќ неодамна рече дека ќе биде „научна фантастика“ групата уапсени и Вељко Беливук и Марко Миjковиќ да биде ослободена, наведувајќи дека вакви детали најдобро опишуваат за какви чудовишта станува збор.

- Можам да ви откријам дека на мајката на еден од убиените испраќале слики од масакриран и осакатен син. Да се ​​има предвид за какви чудовишта станува збор - рече Вучиќ.

Како што е неофицијално познато, станува збор за млад човек Р.М. од Црна Гора, чие убиство наводно го изврши тимот на Веља.

Како што беше напишано порано, луѓето на Вељко го користеле овој рецепт со своите бројни жртви. Има сонежи дека на сличен начин „завршиле“ и нивните противници, кои беа убиени во таканаречената куќа на смртта во Ритопек, која сè уште е под опсада на полицијата.

Вељко Беливук, Марко Миjковиќ и членови на нивната организирана криминална група беа уапсени на 4 февруари, а пред шест дена им беше продолжен притворот за уште три месеци. Досега тие се осомничени за три киднапирања и убиства, како и за трговија со дрога, перење пари и нелегално поседување оружје.

Засега постојат сомневања дека во куќата во Ритопек биле убиени Горан Величковиќ, Здравко Радојевиќ и Милан Љепоја. Истражителите се сомневаат дека телата биле распарчувани, мелени во индустриска мелница за месо, а потоа со киселина биле уништени трагите на злосторството.


Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци