Познато е каде ќе им се суди на членовите на Азов
Објавено во: Свет 23 Мај, 2022
Ќе им се суди на украинските борци кои се предадоа од челичарницата „Азовстал“ во Мариупол.
Тие ќе одат на судење во самопрогласената Народна Република Доњецк. Дека ќе има судење потврди сепаратистичкиот лидер Денис Пушилин. Тој не прецизираше со какви обвиненија би можеле да се соочат украинските борци.
„Веќе се планира формирање меѓународен суд на територијата на републиката“, изјави Пушилин.
Вкупно 2.439 борци, вклучувајќи и членови на Азовскиот баталјон, се предадоа минатата недела. Најголем дел од нив се префрлени во руска затворска колонија близу Доњецк. Украина се надева дека тие ќе бидат разменети за руски воени заробеници.
Судот во Украина пресуди доживотен затвор за рускиот командант на тенк за убиство на цивил на првото судење за воени злосторства по инвазијата.
Заробениот војник, Вадим Шишимарин беше осуден за убиство на Олександр Шелипов (62) во североисточното село Чупахивка на 28 февруари.