Познато е од каде Брентон Тарант купувал оружје
Објавено во: Свет 19 Март, 2019
Терористот од Нов Зеланд купувал оружје преку интернет.
Сопственик на новозеландска продавница за оружје изјавил дека напаѓачот на џамиите во Крајстчрч купил оружје и муниција од нив преку интернет, но дека не му го продале разорното оружје со кое уби 50 луѓе.
Дејвид Типл, сопственик на продавницата Ган сити, откри дека напаѓачот меѓу декември 2017 и март 2018 купил четири парчиња оружје.
„МССА, автоматската воена пушка, наводно употребена во нападот, не е купена од Ган сити. Му продадовме само оружје од А категорија“, кажа Типл на конференција за медиумите во Крајстчрч.
Според новозеландските закони оружјето од А категорија смее да биде полуавтоматско, но ограничено на седум истрели. Видеоснимката на напаѓачот во џамијата покажува дека користел полуавтоматска пушка со поголем шаржер.
Типл изјави дека купувањето на интернет се случило по исполнувањето на нарачката која ја одобрила полицијата, а дека во три од четирите купувања било земено автоматско оружје.
Австралиецот Брентон Тарант, пред судот повторно ќе се појави на 5 април. Полицијата најави дека тогаш ќе добие дополнителни обвиненија.
Во петокот тој во две џамии во Крајстчрч уби најмалку 50 и повреди 30 луѓе.