Познато е што вечерале Меркел и Вучиќ
Објавено во: Балкан 15 Септември, 2021
Германската канцеларка Ангела Меркел и српскиот претседател Александар Вучиќ отидоа на работна вечера, а ресторанот што ја подготвуваше храната призна за ТВ Пинк дека „биле многу нервозни и служеле само традиционална храна што секој домаќин во Србија ќе ја послужи во својата куќа“.
„Се базиравме на служење храна од север до југ на земјата. За да ја покажеме нашата традиција, послужвиме кулен од Срем, најдобрите сирења, колбаси, пршута, сармички од зелка, што минатиот пат оставија посебен впечаток, и сето тоа го понудивме со најдобрите вина од Србија “, велат тие.
Тие додаваат дека канцеларката немала посебни барања.