Познато каде ќе биде границата по Брегзит
Објавено во: Свет 16 Октомври, 2019
Ирското Море ќе биде граница после Брегзит.
Функционери од Европската Унија кои имаат пристап до информациите за преговорите за Брегзит велат дека најголемата препрека за постигнување договор е речиси решена.
Преговарачите на ЕУ и на Велика Британија разговарале во Брисел за да постигнат договор за Брегзит кој е закажан за 31 октомври. Целта е Велика Британија тогаш да ја напушти Унијата со договор.
Функционерите наведуваат дека главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барни, кажал дека Ирското Море воглавно би било царинска граница меѓу ЕУ и Велика Британија. Така би се избегнала видлива копнена граница на ирскиот остров, но Северна Ирска би ја ставило во посебна положба.