Познато кога Миленко Неделковски ќе се појави на суд за ширење омраза
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2018
Водителот Миленко Неделковски на 17 јануари следната година ќе седне на обвинителна клупа за ширење на говор на омраза.
Станува збор за случајот со летните пожари во грчка Атика, каде што билансот на жртви е точно 100 загинати, а Обвинителството тогаш оцени дека Неделковски ширел расистичка и ксенофобична содржина на интернет како јавна личност.
На неговиот јавен профил на „Фејсбук“, објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика со кој, според обвинението, промовирал омраза кон Грците како етничка група..
За ова кривично дело, во Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години.
Ќе му суди судијата Марин Станевски, кој го суди случајот со смртта на малата Тамара.