Познато кој е наредбодавачот: Вучиќ прислушуван 13 години
Објавено во: Балкан 30 Јули, 2019
Заменик градоначалникот и член на Претседателството на Српската напредна партија Горан Весиќ, по повод информациите на министерот за полиција за долгогодишно прислушкување на Александар Вучиќ, укажал дека точно власта на поранешниот претседател Борис Тадиќ го користела како личност преку која го прислушкувале Вучиќ во време кога бил опозиција.
Весиќ , во пишаната изјава наведува дека тој сам за власта на Тадиќ бил еден од главните непријатели, со што, вели, денес се гордее, бидејќи тоа според неговите зборови била најлошата власт во новата историја на Србија.
-Тогаш им падна на ум мене незаконско да ме прислушуваат, како и мојата комуникација со Вучиќ да ја користат за да го прислушкуваат него. И така да сокријат дека го прислушуваат опозицискиот лидер и, ако некој дознае, да можат да кажат дека ме прислушкувале мене, а него случајно бидејќи често се слуша со мене-навел Весиќ, пренесуваат српските медиуми.
Вистината е дека всушност, вистинска мета беше сегашниот претедател Вучиќ.
-Во таа нечиста работа учествуваа многу луѓе од кои некои денес не се живи, но наредбодавачот на целата операција е уште во политиката. Тоа е Борис Тадиќ. А, тоа беше време кога во името на Тадиќ со српската политика управуваат Вук Јеремиќ и Драган Џилас-додал Весиќ.
Имено, српскиот министер за внатрешни работи денеска обелодени дека Вучиќ 13 години наназад бил прислушуван.