18 Април, 2024
0.0276

Познато кој ќе биде а кој нема да биде помилуван за крвавиот четврток

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Лицата кои носеле оружје и фантомки, кои извршиле насилство и службени лица кои ги прекршиле овластувањата нема да бидат амнестирани.

Ова стана јасно по денеска усвоениот предлог-законот за амнестија.

Со овој предлог закон кој меѓудругото денеска треба да биде пуштен во собраниска процедура треба да ги опфати учесниците во инцидентите од 27 април минатата година.

нтерпартиското тело за помирување денеска го усвои предлог-законот за амнестија со кој треба да бидат опфатени дел од учесниците во настаните од 27 април.

Копретседателката на ова тело Фросина Ременски на прес конференцијата кажа дека во предлогот описно се дефинираат дејствијата за кои не може да има амнестија, а не се наведуваат конкретни кривични дела. 

-Ние се движевме во рамки на тоа што не може да биде опфатено со законот за амнестија. Тоа ни беше појдовна основа. Целта на дебатата по овој Пределог-закон не се однесуваше на номинирање конкретни кривични дела, не се водевме персонално кон никого, туку дававме опис на дела – дејствија за кои лицата не можат да бидат амнестирани, рече копретседавачот со Интерпартиската група Фросина Ташевска Ременски.

Како што се додава и обвинителството врз основ на доказите со кои располагаат ќе решат кој ги исполнува условите за амнестија.

Ташевска Ременски потенцира дека секој обвинет индивидуално ќе може да поднесе барање до надлежниот обвинител и суд, а оти судот ќе донесе решение по претходно мислење на Јавното обвинителство кое ќе го темели врз основа на докази со кои располага.


Фото: Фактор

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари