Познато колку Македонци добиле работна дозвола лани во Германија. Повеќе од Албанија, а и Србија изгледа помала
Објавено во: Економија 20 Април, 2019
Лани 8.898 Македонци во 2018 добиле работна дозвола во Германија, што е повеќе од Албанците, но суштински и од Србите, чија земја е неколкукратно поголема од нашата, објави Ди Велт.
Од другите земји од Западен Бакан, убедливо водат државјаните на БИХ со вкупна бројка на 20.901 со добиена работна дозвола што заминал во Германија. Босанците се меѓу најголемите заедници надвор од ЕУ кои добиле работна виза воопшто во Германија.
Втори се Србите со бројка од 14.652, а трети се жителите на Косово со 12.240. На четврто место се Македонците, а зад нив се Албанците со 6.877 и Црногорците со 1.475.
Една четвртина од сите вработени од земјите кои не се членки на ЕУ доаѓаат од Западен Балкан.
Забележливо е дека по бирократските олеснувања во 2015 и 2016-та, Македонците и другите од регионот не се обидуваат да дојдат до Германија преку барање за азил, туку се пријавуваат како работници.
Секој четврти странец од земја која не е членка на ЕУ, кој работи во оваа земја, сега доаѓа од Западен Балкан. До крајот на 2015 година соодносот не беше ниту еден од десет.
Само пет проценти од засегнатите имаат неограничена дозвола да останат во Германија, сите други имаат само дозвола за привремен престој.
Соодносот мажи - жени е повеќе од три спрема еден.