Познато колку работници пријавиле неисплатен К-15
Објавено во: Економија 09 Јануари, 2019
Над 100-тина работници пријавиле неисплатен К-15 за годината 2018-та во Инспекторатот за труд, објави Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата.
Ваквата бројка владиниот гласноговорник ја обелодени во контекст на засилените контроли над приватните фирми што ги најави Владата по вчерашната седница.
„Добивме информација дека регресот за годишен одмор К-15 од некои компании не е исплатен. Државниот инспекторат за труд добил преку 100 жалби за неисплата на К-15. Тој е задолжен да информира во однос како се спроведува исплатата за регрес на годишен одмор, и дали и какви мерки се превземени за компаниите кои не ја испочитувале оваа обврска“, изјави Бошњаковски на денешната прес-конференција.
Чешлањето на исплатата, односно неисплатата на регресот ќе трае и во текот на месец февруари.Предупредувања до фирмите испратија Министерството за труд и социјална политика, Инспекторатот за труд како и Сојузот на синдикатите.