24 Април, 2024
0.1896

Познато колку точно пари СЈО потрошило во 2018-та

Објавено во: Македонија 15 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Специјалното јавно обвинителство во кварталниот извештај што го објави денеска вели дека потрошило 195,3 милиони денари во текот на целокупната 2018-та.

- Вкупната реализација на одобрениот буџет за 2018 година, заклучно со 31.12.2018 година изнесува 195.321.542 денари денари или 85,43% од буџетот на ова Јавно обвинителство. Во 2018 година не се реализирани 14,57% од одобрениот буџет за 2018 година, односно не се потрошени средства во вкупен износ од 33.311.458 денари кои на 31.12.2018 година се повлечени во Буџетот на Република Северна Македонија - се вели во извештајот.

Со средствата се подмирувани плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавнообвинителската служба, средства за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучувајќи и средства за советувања и мислење од експерти, средства за професионално унапредување на јавните обвинители и вработените во јавнообвинителската служба, добивање на капитални инвестиции и средства за одржување на просториите и опремата во Јавното обвинителство. 

Во периодот од 15 септември 2018 до 31 декември 2018 година потрошени се средства во вкупен износ од 76.437.440 денари или 33,43 отсто од одобрениот буџет.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП