Познато од каде се луѓето најдени мртви во камион во Англија
Објавено во: Свет 24 Октомври, 2019
39-те луѓе кои вчера беа пронајдени мртви во камион во Англија биле кинески државјани.
Полицијата ја потврди оваа информација. Меѓу нив има 31 маж и 8 жени. Камионот и контејнерот во кој се пронајдени мртвите Кинези патувале одвоено пред да завршат во местото Грејс, 40-тина километри источно од Лондон.
Контејнерот-ладилник патувал од белгиското пристаниште на северното море, Зебруж до англиското градче Пурфлит.
Камионот се верува дека пристигнал од Северна Ирска. Британската полиција денеска спровела истрага на две локации во северна Ирска и го испрашуваше 25-годишниот шофер, Мо Робинсон, од градчето Портдаун, кој е уапсен како осомничен за убиство на 39 луѓе. Тој засега не е формално обвинет.
Камионот е регистриран во Бугарија, а властите во Софија негираат дека некоја од жртвите е од оваа држава. Камионот е регистриран како дел од компанија, чиј сопственик е ирски државјанин.