Познато што пропуштија Заев и владата во Бугарија
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2018
Македонскиот премиер Зоран Заев и владина делегација од Македонија утре нема да му бидат гости на претседателот на бугарската влада Бојко Борисов и неговите министри, објавија бугарските медиуми.
Заев ја откажа средбата поради ненадејната смрт на охридскиот градоначалник Јован Стојаноски, чиј погреб е најавен токму за утре.
Бугарските медиуми појаснија дека Заев и македонски министри требало да присуствуваат на свечено отворање на автопатската делница „Струма“ во близина на Сандански.
Во агендата што ја најавил Борисов пред еден месец било предвидено потоа заедничка средба на двете владини делегации.