Пратеничката Пешевска останува во домашен притвор
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2018
Апелација ја одби жалбата на пратеничката Жаклина Пешевска, и таа останува во домашен притвор.
Одлуката беше денеска откако Пешевска побара од апелационите судии да го укинат куќниот притвор. Ги уверуваше дека не планира да бега и ги понуди двата пасоши.
„Во животот немам сторено ниту едно кривично дело, најмалку терористичко. Не ги загрозив животите на пратениците и на граѓаните. Со моето лишување повреден е Уставот. За полицајците кои дојдоа утрото кај мене не важеше мојот пратенички имунитет. Со лисици ме држеа 16 часа во суд за на крај да кажат дека не може да ми направат распит“- кажа Пешевска.
Адвокатот на пратеничката, Боро Тасевски на јавната седница кажа дека освен приведување за кое се произнесе и
народниот праовбранител, направени се и други повреди поради кои Апелација треба да ја укине одлуката.
Според него во решението за куќниот притвор судот не ги навел доказите од кои произлегува основаното
сомнение за Пешевска, а тој како адвокат не го добил ниту предлогот за продолжување на мерките.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска со соопштение побара укинување на притворите за сите осомничени од 27 април.