29 Март, 2024
0.0258

Пратеничката Ванчева Калевска вели дека не смее да има недопирливи на правдата

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калевска денеска изјави дека вчерашниот ден покажува дека нема недопирливи и не смее да има недопирливи на правдата. 

„Секогаш кога постои основано сомнение за сторено кривично дело обвинителството е должно да постапува согласно своите надлежности, а доколку таквите основани сомненија се преточат во обвинителен акт којшто ќе стигне во судот, судот секако треба да постапува. Што и како понатаму ќе се одвиваат работите околу овој случај, ниту сакам, ниту можам, ниту би било во ред да коментирам, бидејќи тоа е нешто кое што е строго согласно Уставот надлежност на третата власт, односно судската власт“, изјави пратеничката во врска со случајот „Рекет“.

Додава дека секој треба да си ја работи својата работа и секој има индивидуална одговорност, колективна може да биде политичката одговорност, но кога станува збор за кривична одговорност тогаш тоа секако има име и презиме и мора да биде индивидуализирано.

На Боки 13 му е одреден триесетдневен притвор, како и на Зоран Милевски, како осомничени за изнудување пари.

По собрани вербални и материјални докази, Обвинителството вчера отвори истрага во која осомничените ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Тие во два наврата примиле вкупно 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра од лице против кое се водело истрага.  На осомничениот од кого ги изнудиле парите му ветиле дека преку обвинител со кого имаат пријателски врски т.е. влијание ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење