Пратениците им овозможија на професори, доктори, и административци повисоки плати за 5 отсто
Објавено во: Економија 03 Октомври, 2019
Доктори, професори, здравствени работници, локална самоуправа, вработени во јавни установи, односно целата јавната администрација за септември ќе добие повисока плата за 5 отсто. Пратениците денеска се согласија на овој Закон кој се носеше со скратена постапка.
Тоа значи дека околу 138 илјади вработени во државниот сектор ќе се офајдат со септемвриски плати зголемени за пет проценти.
Средствата се од буџетот а Законот помина со глас „ЗА“ на 82 пратеници без воздржани и против.