26 Април, 2024
0.0288

ТЕНЗИИ И ВЕРБАЛЕН СУДИР: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во кавга со Џафери

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието ја окупираа говорницата. 

Oткако не даде едночасовна пауза по барање на кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ,  Илија Димовски со образложение дека ја побарал по истекот времето предвидено за процедурална забелешка, спикерот Талат Џафери сепак даде пауза, но, како што рече, поради тоа што се содале услови за договор.

„Не може да се наметне одлука под притисок и закана, а кога 50 пратеници излегувате овде и ја правите истата грешка, тогаш тоа значи дека е насилно. Под уцена ни сега, ни утре, ни никогаш нема да прифатам донесување одлука. На ваков начин кога може да се слушаме јас ќе прифатам, поради тоа што јавно се договараме во моментов“ - вели Џафери.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пријдоа до Џафери, посочувајќи му дека повторно ги крши процедурите и не го ги почитува правата на пратениците, односно координаторите кои имаат право да побараат пауза, не дозволувајќи му да продолжи со седницата.

Џафери појасни дека кога на 27 април бил избран за претседател на Собранието, укажал и сега јавно повторува дека  ова „или ќе биде Собрание или нема да го има, не буквално, физички, туку функционално и инстуционално“.

По барањето на денешната пленарна седница, од пратеникот Илија Димовски, Законот за употреба на јазиците да се тргне од дневен ред, мнозинството пратеници го отфрлија предлогот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот