20 Април, 2024
0.0798

Пратеник од коалицијата „Можеме“ се побуни против најавата на Груби за субвенционирање на вработувања по етнички клуч

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Мирослав Богдановски, пратеникот од коалицијата „Можеме“ и припадник на владеачкото парламентарно мнозинство во Собранието, е еден од првите кој се побуни против најавата на првиот вицепремиер Артан Груби за субвенционирање на вработувањата во приватниот сектор за правична етничка застапеност.

„Владата ќе ги субвенционира приватните компании кои ќе вработат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници.Сите компании кои ќе ја запазат правичната застапеност ќе бидат помогнати од Владата“, најави генералниот секретар на ДУИ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Груби додаде дека оваа мерка во Влада ќе се разгледува во следниот период.

Но на ова веднаш реагираше пратеникот од ДОМ, инаку дел од коалицијата „Можеме“, која освои најмногу гласови на последните парламентарни избори.

„Класична дискриминација, со државни пари да се субвенционираат приватни фирми да не се вработуваат Македонци е навистина неприфатливо и недозволиво !!!“, напиша Богдановски синоќа на Фејсбук.

Тој е поранешен раководител на Секторот инспекторат на Град Скопје и поранешен директор на Државниот инспекторат за животна средина.

ДУИ пред изборите бараше да се субвенционираат 50 проценти од социјалните придонеси во наредните три години за секое ново работно место што ќе ја подобри „правичната и соодветна застапеност на сите етнички заедници во приватните претпријатија“.

„Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е. домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција, застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја“, стои во владината програма.


Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам