11 Јули, 2025
0.0293

Пратеникот Трајчулевски загрижен за СДСМ: Зошто не сме обединети?

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2025 10:03

Добивај вести на Viber

Пратеникот Митко Трајчулески го повика СДСМ на обединување пред локалните избори , а поранешниот организациски секретар на опозициската партија побара и поголема енергичност од своите сопартијци во статусот што посебно го издвои на социјалните мрежи.
„Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ неодоливо потсетува на политичките околности во периодот 1998-1999. Христијан Мицкоски чекаше 7 години да стане премиер. ВМРО-ДПМНЕ имаше 7 години време да се подготви и да покаже реални перфоманси со извршната власт.

Наместо резултати, во изминативе 12 месеци сме сведоци на бесконечни оправдувања зошто актуелната Влада не ја бива. Митот за владејачка ефикасност на ВМРО-ДПМНЕ се сруши како кула од карти.

Но, не можеме да ги критикуваме нашите политички противници, ако не сме објективни и самокритични. Каде грешиме?

Зошто претстојните локални избори не можат за овој СДСМ да бидат исто што и претседателските избори во 1999 за тогашниот СДСМ? Дали сме премногу млаки?

Зошто не сме обединети и зошто не емитираме енергија на одлучност за бескомпромисна борба за идеалите во кои мора да продолжиме да веруваме?

Борбата за иднината на Македонија зависи од кондицијата на СДСМ. Ние немаме право на нови грешки. Го плаќаме данокот за грешките додека бевме власт, ама го немаме луксузот да правиме грешки и во опозиција!

Затоа, локалните избори за СДСМ не се само борба за тоа кој ќе раководи со мнозинството општини наредните 4 години. Ние се бориме за иднината за Македонија за која сме дале завет дека ќе ја испорачаме со политичка храброст“,порача Трајчулески.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски министер го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, МНР го повика амбасадорот на разговор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски министер го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, МНР го повика амбасадорот на разговор

БУГАРСКО МНР ДО МАКЕДОНИЈА: Нема да толерираме говор на омраза и лични напади

БУГАРСКО МНР ДО МАКЕДОНИЈА: Нема да толерираме говор на омраза и лични напади

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС пораката која стигна до граѓаните е тест

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС пораката која стигна до граѓаните е тест

МИЦКОСКИ ЗА ГЕОРГИЕВ: Тоа момче е пратено да привлече мое внимание

МИЦКОСКИ ЗА ГЕОРГИЕВ: Тоа момче е пратено да привлече мое внимание

УАПСЕНИ СЕ УШТЕ ДВЕ ЛИЦА: Подметнувале пожар

УАПСЕНИ СЕ УШТЕ ДВЕ ЛИЦА: Подметнувале пожар

МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО: Детето од Ново Село кое беше врзано е сместено во згрижувачко семејство

МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО: Детето од Ново Село кое беше врзано е сместено во згрижувачко семејство

ОЈО: Извршен е разговор со децата уапсени за пожарот кај Стајковци и се пуштени

ОЈО: Извршен е разговор со децата уапсени за пожарот кај Стајковци и се пуштени

МНР ОЧЕКУВА ИЗВИНУВАЊЕ ОД СОФИЈА: Недоличниот речник претставува директна повреда на основните принципи на меѓународното право

МНР ОЧЕКУВА ИЗВИНУВАЊЕ ОД СОФИЈА: Недоличниот речник претставува директна повреда на основните принципи на меѓународното право

МИЦКОСКИ: Можеби некој очекуваше дека ќе ги напуштиме преговорите, ќе докажеме дека сме најдобриот ученик

МИЦКОСКИ: Можеби некој очекуваше дека ќе ги напуштиме преговорите, ќе докажеме дека сме најдобриот ученик