21 Септември, 2018
0.4041
    ADIN 560    0.54%     ALK 8003.87    -0.04%     GRNT 820    -0.04%     KMB 5166.51    0.13%     MAGP 6150    0%     MERM 2000    0%     MPT 47742.7    0.77%     OHB 6548.31    -0.62%     OKTA 4257    -2.99%     PPIV 46000    -0.48%     RMDEN15 95    -1.55%     RMDEN17 96.1    0%     STB 1109    0.06%     STIL 128.49    -1.92%     TETE 2308.76    4.83%     TKVS 4996    2.98%     TNB 14000    -2.78%     TTK 1135.39    1.38%     UNI 2330.37    2.84%

11. Издание на Викенд Медиа Фестивал

Правеа забава за Кајли Миног, а сега ќе ве забавуваат и Вас: “2manydjs“ ексклузивно на Викенд Медиа Фестивал

Овогодинешниот Викенд Медиа Фестивал ќе оддаде почит кон Оливер Драгојевиќ и кралицата на соул музиката Арета Френклин, а саботната забава „Викенд Станува Глобален“ за прв пат ќе ги донесе меѓународните ѕвезди - белгиското дуо “2manydjs“

Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2018

Обожавани од генијалниот Дејвид Боуви, соработуваа со Кајли Миног и свиреа на нејзината забава, а сега доаѓаат на 11. издание на Викенд Медиа Фестивал! Браќата Дејвид и Стивен Девале (David & Stephen Dewaele), попознати под уметничкото име “2manydjs“, ќе ги разиграат посетителите во сабота, во рамки на најдобриот Викенд Медиа Фестивал кој ќе се одржи од 20 до 23 септември, во поранешната фабрика за тутун во Ровињ каде се очекуваат повеќе од 5.000 посетители.

Нивниот албум „As Heard on Radio Soulwax Pt. 2“ е оценет како најдобриот албум на годината од страна на Њујорк Тајмс, што е без сомнение доказ дека атмосферата на 11. издание на Викенд Медиа Фестивал ќе кулуминира со неверојатната забава која ќе ја приредат. Белгиското дуо ќе биде дел од забавната програма “Викенд Станува Глобален“, која за прв пат доведува меѓународни ѕвезди на најголемиот комуникациски фестивал во Регионот. “2manydjs“ се прославија со “mashup“ и ремикси на хитови од повеќе странски ѕвезди, како “Salt-N-Pepa“, “Destiny's Child“ и Доли Партон (Dolly Parton), а во нивната колекција се и дел од хитовите на една дама од овој Регион - Зденка Ковачичек. Браќа Девале користеле семплови од нејзината песна „Електра“ како дел од нивниот проект „Вафли“ (Waffles), а сега на Викенд Медиа Фестивалот и ќе ја делат сцената со неа.

Викенд Медиа Фестивалот ќе го отворат ѕвездата од Хрватската музичка сцена и нивниот најпопуларен џез и свинг пејач Марко Тоља, во придружба на одличниот џез-оркестар ХРТ под раководство на Мирон Хаузер. Тие заедно ќе ги водат посетителите низ најголемите хитови од џез, рок и блуз и воедно ќе му оддадат почит на легендарниот Оливер Драгојевиќ.

Во петок, во рамки на Фестивалот, на сцената ќе настапат “Болни браќа“ (Bolesna braća), пионери на хрватската хип-хоп сцена кои ќе се погрижат за малку посилен ритам полн со забавни рими. Познатото дуо составено од “Baby Dooks“ и “Bizzo“ со хитови како „Ловџиски приказни“, „Телефон Факи“ и „Патриша“ ќе ги развесели љубителите на хип-хоп музиката, како и сите оние кои се подготвени за добра забава.

„По посетата на интересни предавања и дискутирање за трендовите во комуникациската индустрија, нашите посетители ќе можат повторно да се релаксираат со најдобрите изведувачи во вечерните часови. Одлучивме да посветиме посебен дел од програмата на Оливер Драгојевиќ и Арета Френклин - регионални и интернационални великани кои за жал нè напуштија оваа година, но нивната музиката е вечна. Среќни сме што за прв пат во рамки на Фестивалот ќе гостуваат и светски реномираните “2manydjs“ кои ќе го заокружат најдобриот Викенд во годината со својата изведба на комбинација од различни стилови на музика“ - изјави Томо Рицов, Директор на Викенд Медиа Фестивалот.

Уште подобар и позабавен Викенд од 20 до 23 септември ве очекува во поранешната фабрика за тутун во Ровињ, а овогодишни партнери на Фестивалот се Франција и Германија. Се гледаме наскоро!

Можеби ќе ве интересира

Дефектот на улица Карл Либкнехт е саниран

Дефектот на улица Карл Либкнехт е саниран

„Фчерашни новости“: Дознаваме: За кого ќе гласаат земјоделците

„Фчерашни новости“: Дознаваме: За кого ќе гласаат земјоделците

На овие улички во центарот на Скопје утре ќе нема вода

На овие улички во центарот на Скопје утре ќе нема вода

Прекинато водоснабдување во Маџари

Прекинато водоснабдување во Маџари

Чистењето на левата комора во резервоарот Драчево е завршено

Чистењето на левата комора во резервоарот Драчево е завршено

ШПАРКАСЕ БАНКА НА НОВА ЛОКАЦИЈА ВО НЕГОТИНО

ШПАРКАСЕ БАНКА НА НОВА ЛОКАЦИЈА ВО НЕГОТИНО

Дефектот на улица Букурешка е саниран

Дефектот на улица Букурешка е саниран

Дефектот во Студеничани саниран

Дефектот во Студеничани саниран

Интервју со Ристо Јаневски: Со концептот на ОКТА за енергија од обновливи извори до финансиски и еколошки придобивки

Интервју со Ристо Јаневски: Со концептот на ОКТА за енергија од обновливи извори до финансиски и еколошки придобивки