20 Април, 2024
0.0364

ПРЕД НИВ БЕШЕ ЖИВОТОТ: Несреќата им ги зеде соништата на Бобан, Павле, Онур ...

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Бобан Аврамовски, Павле Костовски и Онур Садику, момче и студенти се меѓу најмладите загинати во несреќата која се случи завчера на автопатот Скопје-Тетово.

Една од жртвите е 19 годишниот студент по медицина Онур Садику.

Како што пренесоа поголем дел од медиумите, оние кои го познавале го опишуваат како момче за пример, како на факултет така и во приватниот живот. Имал сон да им помага на луѓето, па ја избрал медицината како професија која ќе ја следи во животот.

Oрганизацијата на потрошувачи на Македонија објави дека нивниот драг и почитуван колега Павле Костовски го загубил животот во таргичната несреќа.


-Нашите мисли се со семејствата на покојникот. Вечна слава.-пишуваше во соопштението на ОПРМ.

Фон Универзитет соопшти дека нивниот студент , Бобан Аврамовски, кој студирал дизајн и мултимедија е меѓу загинатите во автобуската несреќа во близина на селото Ласкарци.

Бехза Узеири имаше 21 година и била студентка по архитектура а во автобусот се качила на пат кон родната Долна Белица.

Ваљдета Хамити наместо дома кај блиските и двете дечиња,  7-месечно бебе и постарото 4-годишно дете, замина во смрт враќајки се од работа. Таа работела како асистентка на информатика на универзитетот Мајка Тереза. 

ИТ инженерот кој беше вработен во Народна банка остави две ќерки.

Во црно несреќата кај Ласкарци го зави и семејството на пратеникот од владеачката партија. Јовица Трпески загина на 25 годишна возраст а во ЕВН работел во информатичкиот сектор.

Меѓу загинатите се и Зоран Давидовски (1981), вработен во Град Скопје но и Трпана Јаневска, пензионерка од Гостивар која дома се враќала по посетата на внучето и ќерката во Скопје.

Најстара жртва е Есат Емрулаи . Тој загина на 66 години а на повредите им подлегна во болница.

Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите