28 Март, 2024
0.0291

Пред влада ќе протестираат вработени од ФЗЦ „11 Октомври“

Објавено во: Мои пари 19 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Пред Владата на протест ќе излезат вработените од ФЗЦ 11.Октомври Куманово .

Според нивниот допис испратен до медиуми, се наведува дека работодавачот го откажал колективниот договор, предлагајќи потпишување нов со намалени права и примања за работниците, кои тоа не го прифатиле, сметајќи дека нивните плати се и онака неприфатливо ниски. 

„Работодавачот понуди анекси кон договорите за вработување, заради отстранување на коефициентот на сложеност на работните места (платите се израмнети на ниво на минималната според закон до коефициент 1,40) кои работниците не сакаа да ги прифатат. Под притисок пред отказ, дел од нив на крајот ги потпишаа анексите, а околу 120 работници не ги потпишаа. Тие добија отказ на договорот за вработување, со понуда на истиот анекс кон договорот. Државниот инспекторат за труд утврди дека постапката е незаконита и побара од работодавачот да ја исправи незаконитоста во рок од 8 дена(ИП 09-182, Решение од 27.06.2018), но тој не само што не постапи по решението, туку истото го обжали и ја продолжи истата постапка“, пишува во дописот до медиумите.

Понатаму се наведува дека Државниот инспекторат за труд во последниве три месеци има постапувано во фабриката неколку пати и издавано решенија заради незаконитости, но како што посочуваат работодавачот на решенијата поднесува приговор до Државната комисијата за одлучување во втор степен во областа на инспекциски надзор и прекршочна постапка, која е разрешена пред неколку месеци, така што по приговорите нема кој да одлучува.

Поради сето тоа, денес 120 работници имаат отказ на договорот за вработување. Законот за работни односи предвидел откажување на договорот за вработување од страна на работодавачот поради лични причини, причини на вина и деловни причини.

„Во случајов, не се работи за ниту еден од овие основи, а работниците сепак  остануваат без работа. Институциите неможат да помогнат, со оглед дека сите решенија на ДИТ не се спроведуваат, така што работниците единстевно можат да ја бараат правдата на суд, а како ќе преживеат додека трае судската постапка, тоа само тие знаат.

Во меѓувреме, работодавачот одбива дури да ја исполни законската обврска за обезбедување отсуство од работа заради барање ново вработување по 4 часа неделно за време на отказниот рок“, тврдат од ФЗЦ 11.Октомври Куманово .

Чувствувајќи се немоќни и обесправени, неможејќи да прифатат дека институциите не можат да им помогнат, вработениете денеска ќе го изразат своето незадоволство со мирен протест пред Владата на РМ од 15 часот.


Можеби ќе ве интересира

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери