20 Април, 2024
0.0330

Предадена донацијата во книги на Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“

Објавено во: Мои пари 24 Април, 2019

Добивај вести на Viber


Денеска на Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на зедничкиот кандидат за Претседател Стево Пендаровски,и официјално ја предаде донацијата во книги и сликовници со кои се опреми комплетно ново книжевно катче со детска литература.  

Книгите и сликовниците се донација од хумани граѓани, организации и институции кои се одзваа на повикот и настанот кој Ѓоргиевска на 12 април го организираше под мотото „Солидарно општество“ во Музејот на Град Скопје.

“Би сакала да изразам задоволство од успешноста на акцијата. Во акцијата се собраа повеќе од 500 книги и сликовници на македонски и албански јазик со кои ги наполнивме полиците поставени во чекалните на институтот. Донацијата е наменета за сите деца кои се лекуваат во оваа здравствена установа, а особено е значајна за децата кои се хоспитализираат на подолг временски период.Во оваа прилика упатувам благодарност до сите кои ја поддржаа акцијата и донираа книги. Акцијата уште еднаш покажа дека ние како општество сме силни, обединети и единствени кога треба да помогнеме и да направиме добро дело. Тоа досега се покажало многу пати и во многу ситуации, а се покажа и овојпат. Граѓанските активности како оваа се вистински модел на заедништво и солидарно општество за сите“ – истакнува Елизабета Ѓоргиевска.

Освен граѓани, книги и сликовници донираа МОБ, Комунална хигиена, градинките „Колорес“ и „Раде Јовчевски – Корчагин“, ООУ „11 Октомври“ компанијата ИТ Лаб и други.

„И благодарам на Др. Елизабета Ѓоргиевска за оваа прекрасна иницијатива. Нашата здравствена институција е значајна алка во целиот здравствен систем на земјата. Овде се хоспитализираат и лекуваат деца од најрана возраст до 18 години од целата државаи се вршат над 100 прегледи на дневна основа. Тоа што нашите пациенти ќе имаат книга на дофат и можност да читаат додека престојуваат во болницата е бесценето. Велат, куќа без книга е како соба без прозорец. Сега нашата институција има стотици книги, стотици нови прозорци кон светот, кои барем малку ќе им го олеснат престојот и лекувањето на децата.“ – Др. Ангелчо Андоновски.

На предавањето на донацијата, со кое воедно се одбележа и 23 април - Светскиот ден на книгата, Ѓоргиевска најави уште една убава иницијатива, поттикната токму од оваа акција, а која веднаш ќе биде реализирана. Имено, Кемал Шкријељ, човекот кој на јавноста и е познат како голем хуманитарец, во дел од просториите во установата ќе наслика детски мотиви кои ќе ги обогатат и разубават болнички ѕидови. 


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!