25 Април, 2024
0.0266

Предијабетес - глобален клинички приоритет

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Нарушената гликозна толеранцијае здравствен проблем во пораст. Во 2017 година, бројот на возрасни лица од светската популација со нарушена гликозна толеранција изнесувал 352,1 милиони. Според Меѓународната федерација за дијабетес, до 2030 година, приближно 7% од светското население или околу 400 милиони лица, ќе има нарушена гликозна толеранција. Се проценува дека околу 70% од лицата со нелекувана IFG (нарушена гликемија на гладно) и / или IGT (Нарушена гликозна толеранција) ќе развијат дијабетесмелитус тип 2 во следните неколку години.


Предијабетесот е честа состојба кај младата популација. Речиси една третина од пациентите со предијабетес се на возраст помеѓу 20 и 39 години, а речиси половина од вкупниот број се на возраст под 50 години.

Големата застапеност на предијабетесот е поттикната и од  глобалната пандемија на дијабетес, па така третирањето на предијабетесот станува значаен клинички приоритет и глобален предизвик за иднината.

Предијабетесот е сериозна здравствена состојба, која ги става пацинетите  под зголемен ризик од развој на дијабетес мелитус тип 2, срцеви заболувања и мозочен удар. Се јавува кога нивото на шеќер во крвта е повисоко од нормалното, но сè уште не е доволно високо за да се дијагностицира дијабетес мелитус тип 2.

Лицата со предијабетес може исто така да имаат и инсулинска резистенција, состојба во која телото не го користи инсулинот ефективно. Инсулинот е хормон кој се произведува во панкреасот, а кој пак е одговорен за регулација на нивотоата на шеќер во крвта и неговата употреба од страна на клаетките како енергија. Кај пациентите со предијабетес, клетките во телото не реагираат нормално на инсулин. Панкреасот произведува повеќе инсулин за да ги натера клетките соодветно да одговорат. На крајот, панкреасот не може биде во чекор со потребите, шеќерот во крвта се покачува, што отвора простор за  прогресија на предијабетесот  и развој на дијабетес мелитус тип 2.


Навремената дијагностика и терапија на предијабетесот е од исклучителна важност. Добрата вест е што предијабетесот може да се  контролира и на тој начин да се спречи појавата на дијабетес мелитус тип 2. Освен соодветната терапија, во оваа фаза исклучително важно е пациентите да направат промена во животниот стил и навики; здрава исхрана, намалување на вишокот телесна тежина, редовна физичка активност како и редовни прегледи и  консултации со доктор специјалист и нутриционист кои би ги воделе низ овие промени. Во одредени случаи неопходна е и примена на соодветна терапија со чија помош покаченото нивоа на шеќер во крв ќе се држи под контрола.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка