Предлог за обединување на Косово и Албанија пред да влезат во ЕУ
Објавено во: Балкан 19 Јули, 2018
Идеја за обединување на Косово и Албанија даде косовски политичар.
Лидерот на косовското движење Самоопределување, Албин Курти во емисија на Албанската државна телевизија (РТШ), изјави дека неговата политичка цел е национално обединување на Албанците.
За проектот на Самоопределување за обединување на Албанците има пречка во Уставот на Косово, а исто така не ја ужива поддршката и на меѓународната заедница, Албин Курти има варијанта што може да се реализира пред да се пристигне во ЕУ.
„Во еден преоден период, да станеме конфедерација или федерација. Јас нема да бидам против такво решение, туку во секој случај само како преодна фаза. Доколку ги забрзаме чекорите за обединување и ако тие бидат посериозни и поискрени од досега, тогаш нашето обединување може да се случи пред ЕУ“- изјави Курти.
Тој вели дека не е против ЕУ, напротив дека е адвокат на ЕУ.
„Мислам дека стабилен, траен мир го носи името на Европската унија. И во стабилен мир имаме внатрешен антифашизам. Но, исто така сум адвокат за држава на благосостојба, која го комбинира економскиот раст со социјалната правда“- изјави Курти.
За тиранската телевизија Топ чанел, Курти неодамна изјави дека и многу Албанци во Албанија го посакуваат обединувањето. Вели дека треба да се направи референдум и граѓаните да одлучат.
Ова не е прв пат да се појават вакви изјави за обединување на двете држави.