29 Март, 2024
0.0243

Предвидувањата за вакцините ќе го придвижат пазарот на капитал: Генерали инвестментс совети

Објавено во: Финансии 20 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

– Мерките преземени како одговор на пандемијата во Европа и САД забрзано се повлекуваат и се заменуваат со мерки за унапредување на најпогодените делови од економиите. Во Европа, на маса е предлог за нов фонд од 500 милијарди евра, со кој би им се помагало на компаниите во земјите кои се најпогодени од СОВИД-19. Притоа, европските политичари особено ги таргетираат Италија и Шпанија, иако помошта јасно ќе биде поврзана со реструктуирање на економиите. Монетарните и фискалните мерки продолжуваат да се зајакнуваат и во САД. Гувернерот на FED, Powell, објави дека FED сè уште има доста оружја со кои може да се спротивстави на кризата, на што пазарот одговори со силен раст на цената на акциите. Ситуацијата во Кина, за која велиме дека е два месеци пред  Европа и дополнителен месец пред САД и Велика Британија, исто така, се подобрува од ден на ден. Индустријата и дел од услужниот сектор се опоравуваат брзо, а од друга страна, постои голема претпазливост во услугите каде што се присутни поголем број луѓе (туризам, угостителство, воздухопловство и сл.). Слично темпо на закрепнување во Европа и САД би бил многу позитивен знак, иако оваа година сериозно ќе бидат погодени јужните земји, заради намалениот обем на услужни активности (особено туризмот).


– Повеќето компании веќе ги објавија своите активности во првиот квартал, а резултатите беа релативно солидни во целост и претежно над очекувањата, иако делот кои ги надминуваат очекувањата се најниски од финансиската криза 2008-09 година. Негативен дел од објавувањето на резултатите беа намалените очекувања за вториот квартал и повлекувањето на предвидувањата за остатокот од годината. Од индустриите здравствената, прехранбената индустрија и другите производи за широка потрошувачка и нега како и ИТ индустријата работат одлично. Банките очекуваат да се справат со нефункционалните кредити, а туризмот, автомобилската, воздухопловната индустрија и многу други компании размислуваат како да преживеат и бараат државна помош. Гледаме зајакнување на онлајн продажбата и позитивни изненадувања за практично сите онлајн трговци. Победници во кризата се компаниите од здравството, бидејќи сите бележат многу поголем раст од очекуваниот и нивната иднина изгледа оптимистично.

– Пазарите на капитал се држат исклучително добро. Голем дел од заслугите се припишуваат на големата ликвидносна помош од страна на централните банки во последните неколку недели која продолжува да се нуди на пазарите. Како резултат на тоа, вредноста на акциите на некои компании не само што ги надминаа оние од почетокот на годината, туку достигнаа и нови рекордни нивоа. Американскиот технолошки индекс NASDAQ е првиот најголем глобален индекс што забележа позитивен принос за оваа година. Според сите статистички критериуми, акциите повторно се скапи, особено ако се земе предвид очекуваниот пад на профитот, но инвеститорите го насочија својот поглед кон иднината, не само кон 2021 година, туку и многу подалеку. Но, иако акциите се чинат скапи, не смееме да заборавиме дека обврзниците се уште поскапи, затоа што тие не нудат принос туку се само релативно безбеден паркинг за вишокот на пари. Ликвидноста на централните банки ги промени перцепциите за реалноста и целата оваа ликвидност сака да најде инвестиција што сепак ќе донесе барем минимален принос.

Совети за инвеститорите:

Иако акциите повторно изгледаат прилично скапи, моментално не е време за екстреми. Не е паметно целото портфолио да ви биде во акции, ниту пак во обврзници или депозити. Стара американска берзанска поговорка  вели дека нема смисла да се борите со централните банки затоа што тие имаат неограничена сума пари. Ликвидната поддршка го форсира растот на цените на обврзниците и акциите и овој тренд може да продолжи. Од друга страна, состојбата на светската економија е слаба, а иднината е многу нејасна. Затоа најмногу се препорачува балансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе ја издржат оваа криза. Пазарите остануваат непредвидливи, гледаме дека предвидувањата за вакцините можат да го придвижат пазарот за 10% во позитивна насока, но исто така може да се случи и спротивното ако овие прогнози испаднат предвремени или дури и неточни. Затоа, диверзификацијата на портфолиото е чекор кон вистинската насока. Инвестирањето во акции од нафтената индустрија, воздухопловството или компаниите кои нудат крстарења треба да останат само како потенцијален зачин на портфолиото, и најдобро е да им се остават на оние кои, всушност се запознаени добро со овие компании и имаат доволно информации за нивните тековни и идни активности.


Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка